Фудбалерите на Охрид попладнево на СРЦ “Билјанини извори” ја совладаа екипата на Новаци со 3:1 во 7 коло од Втората лига.
Ова е трета победа по ред за Охрид по смената на тренерот.
Победи забележаа и водечките екипи на табелата Брегалница, Македонија ЃП и Башкими.
Резултати 7 коло:
Охрид – Новаци 3:1
Беласица – Каменица САСА 2:2
Башкими – Победа 3:1
Борец – Скопје 2:2
Детонит Плачковица – Вардар Н. 1:1
Брегалница – Кожуф 1:0
Македонија ЃП – Осогово 2:0
Арсими – Вардарски 3:0
На табелата води Брегалница со 17 бода пред Македонија ЃП и Башкими со по 16, Охрид е осми со 10 бода.
Г.М.