Составот на Лабуништа го претрпе првиот пораз во новата сезона откако изгуби минимално 1-0 (0-0) во дерби средбата со Скопје во 4-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

Лабуништа дури до 4-та минута од судиското продолжение оддолеваше на нападите и имаше позитивен резултат на гостувањето во Скопје. Домаќините со голема доза на среќа постигнаа погодок и ги обезбедија трите бодови.

Скопје после победата во дербито осамна на врвот а бод помалку имаат ГПелистер, Гостивар и Дрита. Потоа следуваат Лабуништа и Велазерими со седум бодови.

Резултати: Велазерими – Вардар Форино 3-2, Скопје – Лабуништа 1-0, Дрита – Кадино 2-0, Охрид – Пелистер 1-5, Гостивар – Кораб 2-0

Табела: Скопје 10 бодови, Пелистер 9, Гостивар 9, Дрита 9, Лабуништа 7, Велазерими 7, Кораб 4, Вардар Форино 3, Кадино 0, Охрид 0

Двојки 5.рунда: Кораб – Велазерими, Пелистер – Гостивар, Кадино – Охрид, Лабуништа – Дрита, Вардар Форино – Скопје.

OhridNews