Екипите на Охрид и Победа одиграа нерешено 0:0 во натпревар од 21 коло од Втората лига кој се одигра вчера на градскиот стадион во Струга.

Охрид е шести на табелата со 32 бода, а Победа единаесетт со 22 бода. На табелата водат Македонија ЃП и Башкими со по 48 бода, Брегалница Штип има 44. Заковани на дното се Осогово со 16, Борец со 10 и Вардарски со 8 бода.

Во следното коло Охрид на 29 март му гостува на Новаци.

Г.М.