Фудбалерите на Охрид Лихнидос ја продолжија победничката серија. Во рамки на 9 коло од Втората лига, што се одигра денеска, екипата предводена од Пепи Џигероски стигна до минимална, но многу вредна победа во Скопје против Пехчево 0:1.
Стрелец на единствениот гол за охриѓани беше Кристијан Костовски во 68 минута.
Воска Спорт е нов лидер на табелата, откако попладнево на „Билјанини извори“ до врв ја наполни мрежата на Тетекс. Воска славеше со 4:0 со хет трикот на Мурати (22, 32, 75) и голот на Илбер Бекири во 35 минута. Вардар загуби во Гостивар 1:0 и ја препушти лидерската позиција на Воска Спорт. Охрид напредуваше една место на табелата и сега е 6ти со 16 бода.
Втора лига 9 коло, резултати:
ФК БОРЕЦ 1919 0 – 4 ФК ПЕЛИСТЕР
ФК КАРАОРМАН 2017 1 – 1 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ФК ПЕХЧЕВО Скопје 0 – 1 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС
ФК КАМЕНИЦА САСА 1 – 0 ФК АРЕСИМИ-1973
ФК БЕСА 1976 3 – 0 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
КФГ ГОСТИВАР 1 – 0 ФК ВАРДАР
ФК ВОСКА СПОРТ 4 – 0 ФК ТЕТЕКС 1953
ФК СЛОГА 1934 1 – 2 ФК БЕЛАСИЦА
Следното, 10 коло, на програмата е на 29 октомври (сабота). Охрид Лихнидос дома игра со Каменица Саса, а Воска Спорт му гостува на Вардар.
Г.М.