Охридскиот кошаркарски клуб го доведе под знак прашалник пласманот во топ 4 и разигрувањето за влез во Првата лига, откако на домашен терен, претрпе пораз од Водно Санс 83-73, во дербито на колото.
„Галебите“ во пресметката со Водно Санс немаа право на грешка, но изгубија и само теорија во преостанатите мечеви од Втората лига ги води во топ 4. Моментално, охриѓани, се четвртопласирани со идентичен скор со битолска Хереклеа, која пак, има меч помалку.
Во следната рунда, Охрид, гостува кај Мега Баскет.
- Резултати:
Чаир – Спорт Тим 92-66
Пелистер Медика карта – Тетекс ТТК 69-82
Охрид – Партизан Водно Санс 73-83
Спарта – Мега Баскет 86-80
Хераклеа – Риниа 20-0
Табела: Чаир 33, Тетекс ТТК 29, Партизан Водно Санс 28 (-1), Охрид 27, Хераклеа 27, Пелистер Медика карта 25, Спарта 21, Риниа 21 (-2), Мега Баскет 21, Спорт Тим 19.
OhridNews