Фудбалерите на Охрид доживеаја непријатен пораз на домашен терен во 4. коло од Втората лига.
Попладнево на СРЦ “Билјанини извори” ГФК Охрид Лихнидос – Вардар Неготино 2:3.
За неготинчани ова се првите бодови сезонава, а Охрид остана на претходното салдо од 4 бода, засега доволни само за деветтата позиција на табелата.
Резултати 4. коло
Арсими – Кожуф 0:2
Башкими – Беласица 0:3
Беса – Каменица Саса 2:1
Скопје – Караорман 2:1
Охрид – Вардар Неготино 2:3
Пелистер – Детонит Плачковица 0:0
Победа – Осогово 1:0
Тетекс – Новаци 0:2
На табелата водат Беса и Кожуф со максимален учинок од по 12 бода.
Г.М.