Екипата на Охрид претрпе пораз во 14 коло од Втората фудбалска лига што се игра викендов. Вчера во Штип Брегалница го совлада Охрид со 2:0. Победа забележа и водечката Македонија ЃП која го совлада Арсими со 1:0.

Во останатите средби: Борец – Беласица 0:1, Детонит – Башкими 3:1, Скопје – Новаци 2:0, Кожуф – Победа 1:0, Осогово – Каменица САСА 1:3 и Вардар Н. – Врдарски 6:1.

Води Македонија ЃП со 35 бода пред Брегалница која има 33. Охрид е на делба на 7-то место со Кожуф, двете екипи имаат по 21 бод.

Г.М.