Градскиот кошаркарски клуб Охрид оствари убедлива победа во првиот полуфинален натпревар од Топ 4 фазата во Втората лига. Вчера, во салата „Билјанини извори“, ГКК Охрид – КК Соколи Штип 84:68.

Охриѓани одиграа одличен меч во кој водеа во целиот тек, а победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Вториот натпревар од серијата подобар до два, се игра во среда во Штип. Евентуалната мајсторка ќе се игра во Охрид. Со триумф во серијата ГКК Охрид ќе оствари пласман во Првата лига, без оглед на исходот од финалето во плеј-офот.

ГКК Охрид на чекор до финалето и пласман во елитата

Г.М.
Фото: Бобан Тојаноски