По пет одиграни натпревари во Втората лига охридскиот тим е единствен со стопроцентен ефект од десетте екипи кои се натпреваруваат.
Охридските бели со триумфот над Тетекс им побегна на конкурентите на табелата и на прагот се од освојување на титулата по првата полусезона.
Петтата рунда од Втората кошаркарска лига ќе се комплетира со дуелот меѓу Вардар и Радовиш.
Резултати : Гостивар – Ангели 78-68, Водњански Лисици – Пелистер 59-63, Охрид – Тетекс 95-65, Академија ФМП – Шкупи 85-68, Вардар – Радовиш.
Табела : Охрид 10 бодови, Пелистер 9, Гостивар 8, Водњански Л. 8, Академија ФМП 8, Ангели 8, Вардар 7 (-1), Тетекс 7, Шкупи 7, Радовиш 4 (-1).
Ohridnews