Фудбалерите на Охрид ремизираа во 11 коло од Втората лига, што на програмата беше викендов. Во Каменица, Саса и Охрид одиграа 1:1.

Во останатите средби: Арсими – Тетекс 2:1, Детонит – Новаци 3:0, Скопје – Башкими 3:1, Вардар Н. – Победа 3:2, Караорман – Осогово 2:0, Кожуф – Беласица 1:1, Пелистер – Беса 1:2.

На табела води Беса со 28 бода пред Детонит со 23, Пелистер е трет со 21, а Охрид четврти со 20 бода.

Во следното коло, што на програмата е на 12 ноември, Охрид на „Билјанини извори“ го пречекува лидерот Беса. Натпреварот се игра од 13 часот.

Г.М.