Фудбалерите на Охрид Лихнидос ја совладаа Слога со 2:0 во натпреварот од 14 коло од Втората лига, што се одигра попладнево на стадионот Билјанини извори.
Стрелци на головите за Охрид беа Христијан Митревски 37′ и Кристијан Костовски 43′.
Воска Спорт, пак, одигра нерешено 1:1 со Детонит Плачковица на гости, а победник немаше и во дербито на колото во Битола помеѓу Пелистер и Вардар 2:2.
На табелата води Гостивар со 34 бода пред Вардар со 33 и Воска Спорт со 31. Охрид е на 6 место со 25 бода.
Во следното коло, на 10 декември, Воска Спорт го пречекува Борец, а Охрид Лихнидос и гостува на Беласица во Струмица.
Г.М.