Екипата на Охрид Лихнидос го совлада Борец со 2:0, во натпревар што се одигра попладнево на стадионот Билјанини извори  во рамки на 22 коло од Втората фудбалска лига.

Стрелци на головите за Охрид беа Мартин Нически и Давид Матески.

Победа забележа и екипата Воска Спорт на гостувањето кај Слога Виница. Гостите славеа со 1:3. Двоен стрелец за Воска Спорт беше Изаир Емини, а еден гол постигна Џемил Јахији.

Резултати Втора лига 22 коло:

Охрид – Борец 2-0
Слога Виница – Воска спорт 1-3
Вардар – Каменица Саса 3-0
Беласица – Гостивар 0-3
Тетекс – Беса 1-2
Пелистер – Детонит 2-0
Арсими – Караорман 3-1
Кожуф – Локомотива Скопје 2-1

На табелата води Вардар со 55 бода, Воска Спорт има 53, Гостивар 51, Пелистер 46, Детонит 37, Охрид 36.

Во следното коло на програмата е Езерското дерби во кое Караорман во Струга го пречекува Охрид, а Воска на на домашен терен се среќава со Беласица.

Г.М.