Градскиот фудбалски клуб Охрид (3), викендов, на стадионот  на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се сретне со Пелистер (5), во рамки на петтото коло од Втората лига.

Средбата се игра во недела, 18 септември, од 15 часот.

Лидерот на табелата во Втората Лига, Воска Спорт, пак, денеска, во истиот термин од 15 часот, гостува во Гостивар на истоимениот тим.  Ова е единствениот натпревар од Втората лига што се игра во сабота.

Во останатите средби во недела се среќаваат: Детонит Плачковица – Аресими, Борец –  Кожуф, Караорман – Вардар, Пехчево Скопје – Тетекс, Каменица Саса – Беласица, Беса – Слога.

На табелата води Воска Спорт со 12 бода пред Вардар и Гостивар со по 10, додека Охрид е на делба од 10-13 место со 4 бода колку што имаат и Кожуф, Беласица и Караорман.

OhridNews