Во 2та фудбалска лига Запад денеска на програмата се натпреварите од 4то коло. ГФК Охрид на стадионот „Билјанини извори“ од 15 часот ја пречекува екипата на Тетекс. Мечот е од исклучителна важност за охриѓани кои по стартната победа над Беса забележаа два пораза од Кадино во гости и Силекс на домашен терен во минатото коло.

Екипата на Воска Спорт, пак, е пред ново тешко гостување. По поразот од Вардар во Скопје, Воска денеска гостува во Кратово кај водечкиот Силекс кој има максимален учинок по три одиграни кола. Воска е втора на табелата со шест бода и ќе се обиде да го задржи високиот пласман.

Претходно, неделава, охридските вторологаши ги одработија обврските во Купот на Македонија, Охрид славеше на гости кај ТИМ Локомотива  0-2, а Воска минимално беше поразена дома од прволигашот Брегалница 0:1.

OhridNews