Фудбалерите на Охрид загубија од Новаци на гости 2:0 во натпревар од 22 коло од Втората лига, што се одигра денеска. Водечките екипи на табелата Македонија ЃП и Башкими освоија само по бод што и овозможи на Брегалница да им се доближи на врвот.

Резултати Втора лига 22 коло:

Новаци – Охрид 2:1
Осогово – Македонија ЃП 0:0
Победа – Башкими 0:0
Кожуф – Брегалница 0:2
Скопје – Борец 2:1
Каменица Саса – Беласица 1:2
Вардар Неготино – Детонит Плачковица 0:0

Охрид по денешниот пораз е 8-ми на табелата со 32 бода, додека Новаци остана на 12 позиција со 23 бода. На врвот Македонија ЃП и Башкими имаат по 49 бода, следи Брегалница со 47.

Г.М.