Екипата на Охрид Лихнидос забележа победа во 18 коло од Втората фудбалска лига.
Вчера на “Билјанини извори” Охрид славеше над Беласица со 2:1. Двоен стрелец за екипата на Охрид Лихнидос беше Оливер Дишлиевски.
Охрид е 7-ми на табелата со 28 бода. Води Македонија ЃП со 41, два повеќе од Башкими.
Во следното коло кое на програмата е веќе во вторник, 4 март, Охрид ја пречекува екипата на Вардар Неготино.
Г.М.