Екипата на Охрид забележа победа од 2:1 над Беласица, во натпревар од 22 коло во Втората лига, што на програмата е викендов.
Двоен стрелец за домаќинот на „Билјанини извори“ беше Дамјан Масевски.
На табелата води Беса Добри Дол со 57 бода, шест повеќе од второпласираниот Пелистер (51), Охрид е петти со 36 бода.
На дното се Караорман со 15 и Саса со 14 бода.
Во следното коло, на 6 април, Охрид ми гостува на Арсими.
Г.М.