Во 2 фудбалска лига викендов на програмата е 20 коло. Фудбалетите на Охрид Лихнидос вчера му гостуваа на Башкими кој славеше убедлива победа од 3:0.
Резултати Втора лига 20 коло:
Башкими – Охрид 3:0
Вардарски – Борец 2:0
Новаци – Арсими 0:2
Саса – Македонија ЃП 0:0
Скопје – Детонит 2:2
Вардар Н – Кожуф 0:2
Осогово – Брегалница 1:2
Победа – Беласица 0:1
На табелата со по 45 бода водат Македонија ЃП и Башкими, следи Брегалница со 43. Охрид е 6-ти со 31 бод. На дното се Борец со 10 и Вардарски со 8 бода.
Во следното, 21 коло, кое на програмата е на 16 март, Охрид ја пречекува прилепска Победа. Мечот почнува во 15 часот.
Г.М.