Фудбалерите на Охрид попладнево го совлада Борец со 4:1.

По завршувањето на натпреварот ГФК Охрид објави дека првиот човек на клубот Данчо Целески ја активирал оставката и се повлекува од клубот.

После денешниот натпревар претседателот Данчо Целески ја активира оставката која што ја најави лично до Градоначникот на Охрид во текот на репрезентативните паузи во септември, а и уште еднаш во октомври. Истата треба да се потврди од управниот одбор и од Градоначалникот на Охрид. Детални информации ќе бидат објавени во наредните денови, соопшти ГФК Охрид.

Г.М.