Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со триумфот против Гостивар во дербито на колото го задржа првото место на табелата во Втората лига.


Исто бодови колку охриѓани имаат екипите на Вардар и Водњански Лисици, но „сино белите“ имаат далеку подобра кош разлика.

Избраниците на охридскиот стратег Петар Чочорски во четвртата рунда против „лисиците“ ќе имаат шанса да „отпишат“ еден тим од врвот.

Резултати : Гостивар – Охрид 76-82, Пелистер – Ангели 76-65, Водњански Л. – Радовиш 63-49, Тетекс – Шкупи 90-74, Вардар – ФМП Академија 76-37.

Табела : Охрид 6, Вардар 6, Водњански Л. 6, Пелистер 5, Гостивар 5, Тетекс 5, Академија ФМП 4, Шкупи 4, Радовиш 4, Ангели 4.

Охриѓани во Гостивар го продолжија победничкиот од

Чочороски : Покажавме силен карактер и голем квалитет 

Ohridnews