Дерби натпреварот од 12 коло во Втората фудбалска лига денеска се игра во Охрид. На стадионот „Билјанини извори“ Охрид ја пречекува  првопласираната Беса.

Натпреварот е од исклучитечно значење за двете екипи кои имаат високи амбиции оваа сезона. Охрид после смената на кормилото игра препородено и во моментов е на 4 место на табелата.

Во останатите средби се среќаваат:

Башкими – Арсими

Беласица – Караорман

Новаци – Кожуф

Осогово – Вардар Н.

Победа – Скопје

Тетекс – Пелистер

Г.М.