ГФК Охрид славеше 1:0 над прилепска Победа во натпреварот од 18 коло во Втората фудбалска лига, што се одигра попладнево на стадионот “Билјанини извори”.

Стрелец на единствениот гол за домаќинот беше Мартин Нически.

Во останатите средби денеска:

Тетекс – Беласица 1:2

Пелистер  – Саса 2:0

Беса – Новаци 2:0

Вардар Н. – Караорман 2:0

Скопје – Кожуф 0:0

Башкими – Осогово 2:1

Арсими – Детонит јуниор 2:1

Охрид со 27 бода е на делба на 5 место на табелата заедно со Вардар Неготино. Води Беса со 47 бода пред Пелистер со 42. На дното Осогово и Караорман имаат по 15 бода, Саса е последна со 8.

Во 19 коло кое на програмата е на 5 март, вторник, Охрид му гостува на Вардар во Неготино.

Г.М.