Фудбалерите на Охрид доживеаја пораз на стартот на вториот дел од сезоната во Втората лига. Попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров славеше минимална победа над Охрид 0:1.

Ѓорчепетровци по 16 кола на врвот на табелата имаат 41 бод, седум повеќе од второпласираната Брегалница Штип. Охрид е осми со 24 бода.

Во следното коло, Охрид на 22 февруари му гостива на Арсими.

Г.М.