Фудбалерите на Воска Спорт направија чекор назад во однос на водечките екипи во Втората лига, откако неочекувано денеска останаа без планирани бодови. Попладнево на стадионот „Билјанини извори“ Воска Спорт одигра само 2:2 со Кожуф.
Киксот на Воска го искористија Вардар, кој славеше 0:3 кај Слога на гости и Гостивар кој со 2:0 го совлада Аресими.
По 11 кола, Вардар е прв на табелата со 28 бода, бод повеќе од Гостивар кој има 27, додека Воска е трета со 24 бода, само два повеќе од градскиот ривал Охрид кој по победата над Беса денеска на гости (1:3), се искачи на 4 место со 22 бода.
Караорман славеше со натпреварот со фаворизираниот Пелистер 2:1. Битолчани сега заостануваат зад водечките и со 20 бода се на 6 место, додека Караорман со 17 бода е седми.
Во следното коло, што на програмата е на 13 ноември, Охрид дома го пречекува второпласираниот Гостивар, додека Воска Спорт гостува на Аресими.
Г.М.