Фудбалерите на Воска Спорт го добија градското дерби со Охрид што се одигра попладнево на стадионот „Билјанини извори“ во рамки на 13 коло од Втората лига.
Воска Спорт оствари убедлива победа од 3:0. Стрелци на головите беа: Изаир Емини 24′, Бехар Фета 35′ и Изаир Емини 63′.
Натпреварот мина во, на моменти тензична атмосфера, особено во првото полувреме, на што кумуваше судиската четворка, која беше под нивото на задачата.
Двете екипи мечот го завршија со играч помалку.
OhridNews