Фудбалерите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Автокоманда кај Скопје со 1:2 во натпревар од 26-то коло од Втората лига. Стрелци на головите за екипата на Охрид беа Оливер Дишлиевски и Наумче Бакрачески.

Со оваа победа Охрид се искачи на 5-то место на табелата со 39 бода.

Во следното коло кое на програмата е на 3-ти мај, Охрид на „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Кожуф од Гевгелија.

Г.М.