Кошаркарите на Охрид забележаа убедлива победа во салата „Билјанини извори“. Во рамки на Втората лига, попладнево, ГКК – Охрид – КК Борец 101:75.

Домаќинот имаше целосна контрола на натпреварот, а шанса за настап добија сите играчи од клупа.

Мечот го одбележа шутерското шоу на охриѓани кои постигнаа 16 тројки и имаа неколку атрактивни забивања.

OhridNews