Охриѓани со првиот триумф во пролетната полусезона во Втората лига инаку десетти во серија се доближија чекор поблиску до пласман во елитата.
Квалитетот на четата на Петар Чочороски по втор пат на своја кожа го почувствуваа кошаркарите на Ангели кои претрпеа пораз 72-65.
„Галебите“ со стопроцентен скор по десет мечеви се наоѓаат на првата позиција со три бода повеќе од екипите на Вардар, Гостивар, Водњански Лисици и Пелистер кои имаат по 17.
Во преостанатите осум натпревари охриѓани на половина да победат ќе го обезбедат пласманот во Првата лига, но целта е без пораз да се „слета“ меѓу елитата во македонската кошарка.
Резултати: Ангели – АВ Охрид 65-72, Радовиш – Пелистер 51-58, Шкупи – Гостивар 68-82, Академија ФМП – Водњански Лисици 66-75.
Табела: АВ Охрид 20, Вардар 17, Гостивар 17, Водњански Лисици 17, Пелистер 17, Шкупи 13, Тетекс 13, Ангели 13, Академија ФМП 12, Радовиш 11.
OhridNews