Во организација на Шаховската федерација на Македонија, од 21-24 јули 2022 година, во хотел „Метропол“ во Охрид, се одржа Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2022 година.

На првенството учествуваа 12 екипи, поделенени во две групи од по 6 екипи. ШК Ласкер Охрид со остварени две победи беше четврт во својата група или вкупно осми во конечен пласман, информираат од клубот.

За екипата на ШК Ласкер Охрид настапија: Даниел Андреески, Александар Алексовски, Филип Неделкоски, Константин Лушески, Никола Николовски, Љупчо Попаѓоски, Даниел Нунески, Андон Колоски, Ерол Су и Александар Матески.

ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид.

OhridNews