Фудбалерите на Охрид се во серија од пет победи. Последната беше извојувана вчера против Саса од Каменица во драматичен финиш. Мрежите мируваа до 92 минута кога Арбен Тафа донесе радост за Охрид Лихнидос кој славеше со 1:0.

Со оваа победа Охрид се зацврсти во горниот дел од табелата. Сино – белите се на шестата позиција со 19 бода.

Во дерби пресметката од 10 коло Вардар ја совлада Воска Спорт со 2:1 и го презеде врвот на табелата со 25 бода. Гостивар е втор со 24, а Воска падна на третото место со 23 бода.

Втора лига 10 коло, резултати:

ФК ПЕЛИСТЕР 1 – 0 ФК БЕЛАСИЦА
ФК ВАРДАР 2 – 1 ФК ВОСКА СПОРТ
ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 0 – 3 КФГ ГОСТИВАР
ФК АРЕСИМИ-1973 2 – 0 ФК БЕСА 1976
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 1 – 0 ФК КАМЕНИЦА САСА
ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 3 – 2 ФК ПЕХЧЕВО Скопје
ФК БОРЕЦ 1919 0 – 2 ФК КАРАОРМАН 2017

Во следното, 11 коло, Охрид (6) и гостува на Беса (7), а Воска Спорт дома игра со Кожуф.

OhridNews
Фото: Архива