Фудбалерите на Охрид Лихнидос загубија на домашен терен од Пелистер во дерби средбата од 5 коло од Втората лига.
Попладнево на “Билјанини извори” Пелистер славеше минимална победа 0:1.
Воска Спорт својот првенствен натпревар го одигра вчера во Гостивар ремизирајќи 2:2 со истоимениот домаќин.
Караорман, пак, во Струга загуби од Вардар 1:2.
Втора лига резултати 5 коло:
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 0 – 1 ФК ПЕЛИСТЕР
ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 3 – 1 ФК АРЕСИМИ-1973
ФК БОРЕЦ 1919 0 – 2 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
ФК КАРАОРМАН 2017 1 – 2 ФК ВАРДАР
ФК ПЕХЧЕВО Скопје 0 – 0 ФК ТЕТЕКС 1953
ФК КАМЕНИЦА САСА 1 – 1 ФК БЕЛАСИЦА
ФК БЕСА 1976 3 – 2 ФК СЛОГА 1934
КФГ ГОСТИВАР 2 – 2 ФК ВОСКА СПОРТ
На табелата води Воска Спорт со 13 бода колку што има и Вардар. Охрид и Караорман се на делба на 12 место со по 4 бода.
Во следното коло Воска му гостува на Пелистер, а Охрид дома се среќава со Детонит Плачковица.
Г.М.
Фото: Архива