Со натпреварите од 15 коло викендов заврши првиот дел од првенството во Втората фудбалска лига. ГФК Охрид Лихнидос освои бод на гостувањето во Струмица кај Беласица. Домаќинот поведе во 7 минута со голот на Александар Коцев, а израмни Филип Ѓоргоски во 74 минута.
Воска Спорт до врв ја наполни мрежата на Борец од Велес. Вчера на „Билјанини извори“ Воска Спорт – Борец 6:0 со головите на: Бехар Фета 15’/Иљаз Чиљафи 29’/Абдулвахит Мурати 43’/Џемиљ Јахији 45’/Бехар Фета 54’/Абдулвахит Мурати 63′.
ВТОРА ЛИГА 15 КОЛО РЕЗУЛТАТИ:
ФК КАМЕНИЦА САСА 1 – 2 ФК ПЕЛИСТЕР
БЕСА 1976 2 – 0 ФК ПЕХЧЕВО Скопје
КФГ ГОСТИВАР 5 – 1 ФК КАРАОРМАН 2017
ФК ВОСКА СПОРТ 6 – 0 ФК БОРЕЦ 1919
ФК СЛОГА 1934 1 – 3 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ФК БЕЛАСИЦА 1 – 1 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС
ФК ТЕТЕКС 1953 0 – 2 ФК АРЕСИМИ-1973
ФК ВАРДАР 2 – 0 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
Есенски шампион е Гостивар со 37 бода, пред Вардар со 36 и Воска Спорт со 34 и Пелистер со 30. Охрид е на шестото место 26 бода. На дното на табелата се Тетекс со 7 года и Борец без бодови.
Натпреварите во Втората лига продолжуваат на 18 февруари. Охрид ќе му гостува на Тетекс во Тетово, а Воска Спорт го пречекува струшки Караорман кој на средината од шампионатот прокнижи 20 бодови и се наоѓа на 10 место.
Г. Момироски