Фудбалерите на Охрид во рамки на 17-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Арсими. Во израмнет натпревар Охрид одигра нерешено 1:1.
Стрелец на голот за екипата на Охрид Лихнидос беше Бојан Затуроски.
Охрид е деветти на табелата со 25 бода. Води Македонија ЃП со 41 пред Брегалница Штип со 37.
Во следното коло Охрид на „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Беласица.
Г.М.