Воска Спорт и Гостивар одиграа реми без голови во дерби натпреварот од 20 коло во Втората фудбалска лига, што се одигра вчера на „Билјанини извори“. На овој резултат најмногу се радува Вардар кој со триумф над Караорман, денеска, може да избие на врвот на табелата.

Во трка за Првата лига влегува и Пелистер кој во Битола убедливо го совлада Охрид со 3:0. Стрелци за „зелено-белите“ беа Китановски, Фазлиу и Спиркоски.

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ЛИГА 20. КОЛО:

ВОСКА – ГОСТИВАР 0-0

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 3-0

КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – БОРЕЦ 1-1

БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА 2-0

АРЕСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1

ДЕНЕСКА:

ВАРДАР – КАРАОРМАН

СЛОГА ВИНИЦА – БЕСА

ТЕТЕКС – ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ  (ЛОКОМОТИВА)

На табелата води Воска Спорт со 47 бода, пред Вардар со 46 и натпревар помалку, следат Гостивар со 45 и Пелистер со 43 бода. Охрид е на седмото место со 29 бода.

OhridNews