Екипата на Влазрими предводена од Драган Бочески на клупата ќе одиграат втор контролен натпревар во Охрид.


Противник на кичевчани ќе биде лидерот во Втората лига, Шкупи, кој во Охрид ќе одработи еднонеделни подготовки.

Во првата контролна средба пулените на охридскиот стратег го совладаа прволигашкиот состав на Ренова со 3-2.

Пресметката на „Атина Бојаџи“ ќе започне во 12 часот.

Мх.П.