Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“, во недела, 20 јуни, организира незаборавен викенд за уживање во убавините што ги пружа Галичица, што ќе кулминира со планинарска тура до врвот Магаро и забава во месноста „Корита“.
Искачувањето започнува со стартна точка на Липова Ливада на 1 600мнв. во 8 часот утрото. Патеката е во должина од 9км, а турата ќе трае 5 часа во двата правци. Ова е втор ваков потфат на Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“, кој минатата година за прв пат организираше незаборевен викенд за 300 љубители на охридските убавини.
Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро, – порачува Мишко Танески, првиот човек на Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“.
За време на акцијата за сите учесници влезот во Националниот парк Галичица ќе биде слободен, а ќе бидат запазени сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците.
Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна потребна при искачувањето и задолжително 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност, – велат организаторите.
Настанот кој ќе премина во традиција е поддржан од Општина Охрид, а има организирано автобуски превоз од стартната точка и назад по симболични 200 денари. Тргнување со организираниот превоз е кај СРЦ „Билјанини Извори“ во 7 часот. Бројот е органичен и може да се резерива на бројот 075 607 608.
OhridNews