Според информациите на Министерството за образование, слободни места има за вкупно за 15.332 ученици.
Во Република Македонија во учебната 2009/2010 година, осмо одделение завршија вкупно 26.105 ученици.
Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел обезбедени се доволен број на слободни места, вкупно 35. 918 ученички места, во сите јавни средни училишта во Република Македонија.