Во Општинското Средно училиште “Св. Климент Охридски” во вториот уписен рок има уште 121 слободно место за упис, од кои 48 во гимназиските паралелки, 52 во Економско-правните паралелки и 21 на Медицина.
Во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” во вториот уписен рок, полуматурантите кои сеуште не се запишани ќе може да аплицираат за вкупно 355 слободни места. Од нив 114 се во машинската струка, 164 во електро- техничката, 53 во сообраќајната струка и 24 во струките за лични услуги.
Општинското угостителско –туристичо училиште “Ванчо Питошески” во вториот уписен рок, има вкупно 208 слободни места.
Од Министерството за образование очекуваат дека во вториот уписен рок ќе се зголеми интересот за упис во стручните училишта објаснуваќи дека оваа учебна година истите ќе понудат подобра и поквалитетна настава.
– Изминатата година работевме многу за да подигнеме интресот на учениците да се запишат во средните стручни училишта. Го отпочнавме најголемиот проект во историјата на образованието во Република Македонија, за изработка на учебници. Објавивме конкурс за изработка на 534 учебници за средните училишта. Тоа се учебници кои во изминативе 20-тина години не биле присутни во училиштата, што за учениците претставувало дополнителен проблем, односно го намалувало квалитетот на наставата. Новите учебници значително ќе се подигнат квалитетот на образование кои го нудат сите стручни училишта. -изјави вчера во Охрид, Министерот за образование Никола Тодоров.
Од 2008 година средното образование е задолжително и за родителите кои своите деца нема да ги запишат ќе се покрене кривична пријава. Паричните казни се најмалку 1.000 евра.