Вториот уписен рок за запишување на студенти на прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е на 16-ти и 17-ти септември 2024 год. (понеделник и вторник).

Кандидатите своите документи ќе може да ги поднесат од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

Повеќе информации за уписот посочуваат дека може да се најдат на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.

OhridNews