На државните универзитети во земјава денеска и утре ќе се одржи вториот уписен рок. Упис на нови студенти ќе има и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид каде има уште 139 слободни места.

Резултатите од вториот
уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид  ќе бидат познати на 22 септември.

Годинава факултетот предвидува да
запише 520 нови студенти, на насоките: туризам, царина и шпедиција,
осигурување,
безбедност и финансиска контрола, гастрономија и хотелско-ресторантски менаџмент.

Ohridnews