Атлетико Мадрид ја забележа втората победа во вториот меч и обезбедија влез во полуфиналето на ИХФ Супер глоуб турнирот во Катар.

Во вториот натпревар совладан беше бразилскиот и јужноамериканскиот првак Методиста Сан Бернардо од Сао Паоло со 34-27.

Кирил Лазаров за 25 минути игра постигна три гола, а имаше и четири асистенции, најпрецизен беше Јуркиевич со 6 гола, а Дејвис и Масач постигнаа по 5 гола. Круз и Хубнер со по 5 гола беа најефикасни кај борбените бразилци.

Утре следува последниот меч во групата со египетскиот Замалек.

ohridnews