Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје го претрпе вториот пораз во Еврокупот откако на домашен терен беше совлада од Макаби Хаифа 86-83.

„Штрковите“ несфатливо испуштија предност од пет поени на три минути до крај и вината за поразот ќе ја бараат во своите редови и во лошата скок игра во фазата на одбрана.

Најпрецизни во составот на МЗТ со 17 поени беа Гечевски и Синовец, 15 постигна Костоски додека на 13 кошеви застана Ѓорги Чековски.

Мх.П.