Македонската кошаркарска селекција го претрпе вториот пораз во групата. Од избраниците на селекторот Алеш Пипан поуспешни беа литванските кошаркари со 75-67 (20-15, 19-18, 18-17).
Слабата реализација за три поени (6/28), лесно пробивливата одбрана под обрачите и еден куп технички грешки беа причина за вториот пораз на Евробаскетот.
Покрај се, „црвено жолтите“ во финишот на мечот фатија приклучок и дојдоа до негатива од три поени (65-62), но, тогаш ги повторија грешки и поразот од Литванија беше неизбежен.
Со 13 поени најефикасен во македонскиот кошаркарски состав беше Владо Илиевски, капитенот Перо Антиќ реализираше 12 додека Лестер Бо Мекклејб уфрли 11.
Во третата рунда која може да биде клучна за селекцијата на Македонија, кошаркарите ќе се сретнат со Србија, која пак „врза“ две победи во првите два натпревари.
Мх.П.