Екипата на ГФК Охрид загуби дома од Арсими 2:4 во второто коло од Втората фудбалска лига. За охриѓани ова е втор пораз во исто толку натпревари во новото првенство.
Еден од поинтересните моменти на мечот се случи кога младиот голман на Охрид Андов по една интервенција се обиде брзо да проигра со рака, но го погоди противничкиот играч во глава по што гостите постигнаа лесен гол. Моментот од средбата го пренесе порталот Екипа.
Во останатите средби беа постигнати следните резултати:
Каменица Саса – Детонит Плачковица 0:0
Новаци – Брегалница 0:2
Осогово – Скопје 1:1
Победа – Борец 5:0
Вардар Н. – Беласица 2:2
Вардарски – Кожуф 1:3
Колото се затвора денеска со средбата Башкими – Македонија ЃП
Г.М.