Причина за одложувањето на денешно судското рочиште, како што информираат од охридскиот суд е неисправноста на возилото на Истражниот затвор „Идризово“ во Скопје, за транспорт на приведени лица и затвореници со кое обвинетиот требаше да биде доведен во Основниот суд во Охрид.
Претходното прво судско рочиште во процесот исто така беше одложено, поради тоа што доцнеше извештајот од ДНК анализата на трагите крв пронајдени во возилото, за кое се смета дека било користено за транспорт на жртвата.
Охриѓанецот Живко Ангелески роден 1975 година е обвинет дека на 30 ноември минатата година го убил неговиот помлад брат Александар Ангелески (31). Според полицијата, убиството било крвава разврска на долгогодишни меѓусебни караници.
Резултатите од спроведната полициска истрага во врска со убиството покажаа дека лицето против кое е покрената кривична пријава за свирепо убиство, на 30 неомври минатата година со тврд и остар предмет му нанел повеќе удари на починатиот. На обвинетиот за убиството според истрагата, му помагал З.Ј. (44), кој се товари дека помагал при транспортот на искасапеното тело на жртвата.