Втор Охридски конгрес на правото 2023 се одржува во Охрид. Темата на конгресот на која присуствуваат студенти, професори и учесници е: Зборуваме за правото од различни области.
Во името на Општина Охрид топло добредојде и успешна работа на сите им посака заменик-градоначалникот Перчо Божиновски.
Живееме во време кога словото на законите и владеењето на правото ни се повеќе од потребни, како нам во Македонија, така и во пошироката меѓународна заедница. Сведоци сме на голем број промени, кои многу лесно ги прекршуваат или изменуваат правните норми и наместо подобрување носат влошување на состојбата на поединецот или поширока општествена група. Затоа ми се чини дека пред правната наука е исправен императивот, како никогаш досега да понуди решенија кои нашиот свет ќе го направат посигурен и поправедлив за секој човек. Верувам дека темите кои ќе ги обработувате овие денови на работните сесии, со знаењето и искуството на почитуваните професори и енергијата и желбата за стекнување нови знаења од страна на студентите има да резултираат со успешен конгрес усвојување нови хоризонти во правната наука, рече Божиновски.
Убеден сум, додаде Божиновски, дека ќе најдете време и за обиколка на Охрид понесувајќи мало парче од вонвременската убавина на нашиот град кое ќе ве натера повторно да бидете наши гости.
Oрганизатор на Конгресот е Факултетското студентско собрание и студентите на Правен факултет „Јустинијан Први” при УКИМ.
OhridNews