Охридските ракометни пионери ја забележаа втората победа сезонава, совладувајќи го Еурофарм Работник со 25-14 (11-5) на домашен терен.
Избраниците на Наум Бабачев фуриозно го отворија мечот, што им донесе водство (5-0). До крајот на првиот дел го задржаа водството и на одмор заминаа со плус шест голови (11-5).
Во второто полувреме, охридските ракометни надежи не само што ја задржаа предноста туку ја зголемија двоцифрено за убедлива победа 25-14.
Во следната трета рунда пионерите ќе се сретнат со тимот на Јуниор Ивни.
OhridNews