Од 8 до 12 септември во Струга се одржува вториот меѓународен турнир во шах „Езерска кралица“. На шаховскиот турнир учество земаат 60 учесници во категории од 10, 14 и 18 години. Се играат три турнири од кои А турнирот е до 18 години, Б турнирот до 14 години и Ц турнирот до 10 години. Вчера се одиграа две кола, а денес се игра едно коло. Утре ќе се играат уште две кола, додека во недела турнирот завршува во 13 часот со свечено затворање вели Ѓоко Котески, директор на турнирот.
Ова е втор меѓународен шаховски турнир „Езерска кралица“. Првиот шаховски турнир беше одржан во 2019 година. Поради ситуацијата со Ковид 19, во 2020 турнирот беше одложен. Учесниците на турнирот има од нашата држава, Албанија, Косово и Русија. На турнирот учество земаа 5 учесници од Охрид. Стефан Матески и Јулијан Матески од шаховскиот клуб „Ласкер“, како и Стојан Велковски, Иван Велкоски и Ивана Велкоска од шаховската школа „Алкалоид“, вели Котески.
Котески додава дека замислата е турнирот да се одржува традиционално секоја година.
Оваа година ги чекавме и новите протоколи од Влада за организирање на спортски настани во затворен простор, а бидејќи се работи за деца под 18 години не е потребно задолжителната вакцинацијата. Но, во салата каде се одржува турнирот се запазуваат сите протоколи за заштита од Ковид 19, вклучително носењето на маска, одржувањето на дистанца, дезинфекција, додава Котески.
Организаторите упатуваат благодарност до сите спонзори, правни и физички лица, како и институции кои помогнале во организација на овогодинешниот турнир.
Н.С.Ј.