Втор меѓународен пливачки Митинг „ОХРИД ОПЕН“ 2022год. ќе се одржи утре како еднодневен настан во два дела.  Настанот ќе биде на пливачкиот базен Атина Бојаџи во рамките на СРЦ Билјанини извори Охрид.

Трките почнуваат од 9-12 часот и попладне 17-19часот. Митингот се организира според сите правила на НПФ, ЛЕН и ФИНА, информираат од пливачкиот клуб „Акваспирит“.

Организатор е пливачкиот клуб „Акваспирит“, со поддршка на општина Охрид.

OhridNews