Граѓаните на Франција денеска во вториот круг од претседателските избори избираат помеѓу центристот Емануел Макрон или десничарката Марин Ле Пен. Најголем број од 69.245 гласачки места во Франција се отворени од осум часот, каде гласаат 45,7 милиони гласачи. Во странство ќе гласаат 1,3 милиони Французи.

Првиот круг од претседателските избори се одрежа на 23 април и тогаш Макрон освои 23,75 проценти од гласовите, а Ле Пен 21,53 отсто. Според анкетите спроведени последните денови Макрон е во значително водство во однос на Ле Пен.